06.08.2026

Стаменкова ги повика угостителите да бидат дел од Денот на дијаспората 2026

Share

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати покана до локалните угостители да се вклучат во организацијата на „Денот на дијаспората 2026“ и заеднички да придонесат за создавање уште подобра атмосфера во градот.

Стаменкова ги повика сите каменички угостители да бидат дел од манифестацијата, која на 9 август ќе ги обедини иселениците, граѓаните и гостите во Македонска Каменица.

Како што информираше таа, угостителските објекти кои се наоѓаат во непосредна близина на бината ќе можат да го користат просторот пред своите деловни објекти, согласно однапред утврдениот распоред.

За останатите заинтересирани угостители ќе биде обезбедена можност за поставување штандови на преостанатиот слободен простор, со цел сите заинтересирани да имаат можност да придонесат кон успешната реализација на настанот.

Градоначалничката ги повика угостителите навремено да се пријават во Општина Македонска Каменица и заедно да придонесат градот да заблеска со добра атмосфера, дружење и позитивна енергија за време на „Денот на дијаспората 2026“.

Local News