Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, по повод Илинден упати честитка до граѓаните, нагласувајќи дека 2 Август е празник што потсетува на слободата, достоинството и единството на македонскиот народ.
Во својата порака, Стаменкова истакна дека Илинден е ден кога со почит се оддава признание на сите кои се вградиле во темелите на македонската држава, но и ден кога се обновува обврската за заедничка работа, чесност и љубов кон татковината.
Таа посака Светиот пророк Илија да донесе здравје, мир и благослов во секој дом, а Илинден да остане вечна инспирација за сплотеност, гордост и заеднички напредок.
„Нека ни е вечна Македонија! Честит Илинден!“, порача градоначалничката Соња Стаменкова.