06.08.2026

Стаменкова од Рикалдоне: Отвораме ново поглавје во партнерството меѓу нашите општини

Share

Во Рикалдоне, Италија, беше потпишан трилатерален договор за соработка меѓу Општина Македонска Каменица, Општина Делчево и Општина Рикалдоне, со кој се отвора ново поглавје во партнерските односи меѓу трите локални самоуправи.

На потпишувањето присуствуваа градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, и градоначалничката на Општина Рикалдоне, Лаура Грациела Бруна.

Стаменкова истакна дека договорот не претставува само формален чин, туку обврска за создавање конкретни проекти, нови можности и резултати кои ќе бидат во интерес на граѓаните.

„Овој договор не го гледам како формалност, туку како обврска да создадеме конкретни проекти, нови можности и резултати кои ќе бидат од корист за нашите граѓани“, посочи градоначалничката на Македонска Каменица.

Особено значаен дел од средбата била иницијативата за воведување на македонскиот јазик во образовниот процес во регионот Пиемонт, што беше поздравено како важен чекор за зачувување на јазикот, културата и идентитетот на македонската заедница во Италија.

Градоначалничката Стаменкова упати благодарност до Општина Рикалдоне и градоначалничката Лаура Грациела Бруна за долгогодишната поддршка кон македонската заедница и за почитта кон македонскиот јазик, култура и традиција.

Според неа, новото партнерство создава можности за идна соработка во повеќе области, меѓу кои образованието, културата, младинските политики, туризмот, економскиот развој и европските проекти.

„Убедена сум дека ова партнерство ќе прерасне во успешна соработка со видливи резултати и ќе донесе нови можности за нашите општини и граѓани“, порача Стаменкова.

Local News