06.06.2026

По повод 5 Мај: Игор Гошевски донираше книги во библиотеката „Илинден“ во Делчево

Share

Советникот во Општина Делчево, Игор Гошевски, по повод Денот на македонскиот јазик донираше книги во ЈЛБ Илинден Делчево.

Петти мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, во чест на неговата кодификација во 1945 година, кога македонскиот јазик официјално станал стандарден и признат. Овој ден има особено значење за зачувување, негување и афирмација на јазикот како темел на националниот идентитет.

Како што посочи Гошевски, донацијата претставува мал, но искрен придонес кон зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик, како една од вредностите што ги обединуваат граѓаните.

Во својата порака, тој нагласи дека јазикот треба да се чува, негува и сака, бидејќи токму преку него се гради идентитетот и културното наследство.

Local News