Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, ги повика граѓаните да се пријават на јавниот повик за учество со свои штандови на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, која ќе се одржи на 9 август.
Таа истакна дека настанот традиционално ги обединува иселениците, граѓаните, гостите и пријателите на Македонска Каменица, а јавниот повик претставува можност локалните производители, занаетчии и креативци да ги претстават своите производи и рачни изработки пред бројните посетители.
Пријавувањето е отворено до 7 август 2026 година, а заинтересираните можат да поднесат пријава во Архивата на Општина Македонска Каменица или електронски на адресата opstina@makedonskakamenica.gov.mk.
Стаменкова ги повика сите заинтересирани да бидат дел од манифестацијата и заедно да придонесат за создавање празнична атмосфера и уште едно успешно издание на „Денот на дијаспората“.