Македонска Каменица денес беше центар на љубителите на автомобилската култура, како домаќин на завршницата на „VM Classic Rally – Bimmer vs Merc“, настан кој привлече бројни учесници, гости и посетители во градот.
По пристигнувањето на учесниците, следуваше дефиле низ градските улици, а граѓаните имаа можност одблизу да ги разгледаат атрактивните класични автомобили и да уживаат во несекојдневната автомобилска атмосфера.
Настанот беше заокружен со доделување награди и благодарници, со што беше одбележан успешниот крај на релито кое ги поврза љубителите на возилата и автомобилската традиција.
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати благодарност до организаторите за изборот градот да биде дел од оваа автомобилска приказна, до сите учесници за нивното присуство, како и до граѓаните кои придонесоа за позитивната атмосфера.
„Секогаш сме отворени за настани кои носат нови содржини, посетители и убави моменти во Македонска Каменица“, порача Стаменкова.
Од Општината посочуваат дека ваквите настани се можност за промоција на градот, збогатување на понудата и привлекување нови посетители.