Македонска Каменица денес беше дел од манифестациите „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ во Куманово, каде пред пошироката јавност беа претставени локалните производи, традицијата и културното богатство на општината.
Со поддршка од Општина Македонска Каменица, локалните производители имаа можност да ги презентираат своите производи и вложениот труд, додека пензионерите од општината подготвија богата трпеза со традиционални каменички специјалитети и домашна храна од овој крај.
Посебен дел од претставувањето имаа и членовите на КУД „Вера Јоциќ“, кои преку македонската песна и оро ја доловија културната традиција и фолклорното богатство на Македонска Каменица.
Од Општината посочуваат дека ваквите настани се одлична можност за промоција на локалните производители, традиционалните вредности и природните и културни потенцијали на општината.
„Имаме што да покажеме, имаме што да понудиме и имаме со што да се гордееме“, порачаа од Општина Македонска Каменица.