Домот на културата во Македонска Каменица вечерва беше исполнет со музика, талент и позитивна енергија, каде членовите на МАСС Академи одржаа концерт пред домашната публика.
На настанот присуствуваше и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која им упати поддршка на младите музичари и ги поздрави нивните настапи.
„Прекрасна вечер исполнета со музика, талент и посветеност. Особено радува кога младите имаат можност да го покажат она што го учат и создаваат, а ние да бидеме тука да ги поддржиме и охрабриме“, порача Стаменкова.
Таа упати честитки до сите учесници за успешните изведби, како и до МАСС Академи за посветеноста во развојот на музичкото образование и поддршката на младите таленти.
Концертот беше уште една можност младите музичари да го покажат својот труд и љубовта кон музиката, а Македонска Каменица уште еднаш да потврди дека вложувањето во младите и нивните способности е важен дел од развојот на заедницата.