Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати јавна покана до граѓаните, иселениците и гостите да присуствуваат на овогодинешното одбележување на Денот на дијаспората, кое ќе се одржи на 9 август.
Настанот ќе започне во 18:00 часот на улицата „Александар Македонски“, каде посетителите ќе можат да уживаат во богата културно-забавна програма и заедничко дружење.
Според Стаменкова, за посетителите е подготвена разновидна програма во која ќе настапат Детскиот фестивал „Ѕвездички“, КУД „Вера Јоциќ“, Софија Манева, групата К4, како и македонскиот диџеј Галоски, кој ќе ја заокружи вечерта со музичка забава.
Градоначалничката ги повика сите сограѓани, иселениците кои престојуваат во родниот крај и гостите од другите места да бидат дел од настанот и заедно да создадат нови спомени исполнети со музика, дружење и позитивна атмосфера.