06.08.2026

Источна Македонија во очекување на големиот настан: Галоски пристигнува во Македонска Каменица – концертот ќе биде целосно бесплатен

Share

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, најави дека завршницата на овогодинешниот Ден на дијаспората ќе ја одбележи настапот на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, кој успешно се пробива и на светската електронска музичка сцена.

Според Стаменкова, изборот на Галоски е направен по барање на помладите генерации, со цел програмата да ги обедини традицијата, заедништвото и современите музички содржини.

Таа истакна дека музиката на Галоски е поддржана од познати светски диџеи, а на 9 август тој за првпат ќе настапи пред публиката во Македонска Каменица.

Градоначалничката изрази уверување дека Денот на дијаспората 2026 ќе понуди незаборавно доживување за сите генерации и ќе испрати порака дека Македонска Каменица е општина која ги поврзува луѓето, создава убави спомени и ги следи современите трендови.

Стаменкова ги покани граѓаните, иселениците и сите посетители на 9 август да присуствуваат на настанот, кој ќе се одржи на улицата „Александар Македонски“, каде ќе уживаат во вечер исполнета со музика, позитивна енергија и заедништво.

Local News