06.06.2026

Стаменкова: Делото на Делчев е жива инспирација

Share

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, по повод одбележувањето на 123 години од смртта на Гоце Делчев упати порака за значењето на неговото дело и наследство.

Како што посочи, Делчев со својата мисла, визија и пожртвуваност оставил длабок печат во македонската историја, а неговото дело не е само дел од минатото, туку претставува жива инспирација и денес.

Таа нагласи дека Делчев верувал во слободата како највисока вредност, во единството како сила и во иднината што се гради со храброст и одговорност.

Во пораката се истакнува дека како идеолог и организатор на револуционерното движење, Делчев ги поставил темелите врз кои се граделе стремежите за независна и слободна Македонија, а неговата визија за светот како поле за културен натпревар на народите и денес има силно значење.

Градоначалничката повика да се чува споменот и да се негуваат вредностите што ги оставил, со цел продолжување по патот што го трасирал.

Local News