Настанот се реализира по повод успешно спроведената вежба „Блесок 26“, во чии рамки беше извршено оценување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група, а граѓаните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата и возилата на Армијата, како и со активностите што секојдневно ги извршуваат армиските припадници.
Во рамки на настанот ќе бидат организирани и повеќе показни вежби – алпинистичка вежба на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, вежба со службени кучиња во реализација на Командата за обука и доктрини, демонстрација на боречки вештини од Баталјонот на специјални сили, егзерцир на Баталјонот за почести, како и презентација на медицинска обука и укажување прва помош од Военомедицинскиот центар.
„На ден 28.05.2026 година (четврток) во период од 10:00 до 14:00 часот на Градскиот стадион во Штип, Армијата организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците. Дополнително ќе може да се проследи:
-показна вежба (алпинистичка), реализирана од Извидувачко-разузнавачкиот баталјон
-показна вежба со службени кучиња, во реализација на Командата за обука и доктрини,
-показна вежба-боречки вештини, во реализација на Баталјонот на специјални сили,
-показна вежба-егзерцир, во реализација на Баталјонот за почести,
-приказ на наставни медицински помагала за изведување на медицинска обука и демонстрација на укажување на прва помош на повреден, во реализација на Военомедицинскиот центар. „ соопштуваат од армијата
На настанот, работна точка ќе има и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски “, Скопје каде граѓаните одблиску ќе може да се запознаат со можностите кои ги нуди оваа високо образовна институција.
Свој настап ќе има и Воениот оркестар на Армијата со изведба на музички дела со македонска тематика. Програма за настанот: 10:00-12:00 Обиколка и разгледување на поставената опрема и возила. 12:00-12:15 Свечено отварање и обраќање до присутните . 12:15-13:15 Реализација на показните вежби пред присутните гости.