Со особено задоволство, градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, синоќа присуствуваше на традиционалната манифестација „Вешта жена“, која секоја година ги промовира креативноста, умешноста и талентот на жените од општината.

На настанот, титулата „Вешта жена“ за 2026 година ја понесе Благица Тачовска, во силна конкуренција на учеснички кои со својата посветеност и љубов кон традицијата придонесоа за убава и позитивна атмосфера.

Како што беше истакнато, манифестацијата претставува значаен настан за заедницата и вистински пример за негување на обичаите и вредностите што ги обединуваат граѓаните.

Општина Македонска Каменица ќе продолжи со поддршка на ваквите културни и традиционални иницијативи и во иднина.