Заменик градоначалникот на Македонска Каменица, Мартин Малчев и неговата фирма „Палмас Дмт 2023“ донираа техничка опрема за Здравствената станица во Македонска Каменица.
Во рамки на донацијата се обезбедени два инвертер клима уреди, кои ќе бидат поставени во просторијата за интервенции и во невролошката амбуланта, како и еден ладилник наменет за потребите на Службата за Итна медицинска помош.
Опремата му беше предадена на раководителот на установата, специјалист д-р Дарко Петровски, кој во име на вработените изрази благодарност до компанијата за поддршката.
Тој истакна дека донацијата ќе придонесе за подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, но и за поквалитетно и поефикасно обезбедување здравствени услуги за граѓаните.
Од компанијата посочуваат дека и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат институциите во Општина Македонска Каменица преку активности од областа на општествената одговорност.
„Палас ДМТ 2023“ досега реализираше повеќе иницијативи во интерес на локалната заедница, а оваа донација претставува уште еден придонес за унапредување на здравствените услови и поддршка на јавните институции во општината.