Општина Македонска Каменица објави нов Јавен повик за финансиска помош наменет за еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители кои живеат на територијата на општината.
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година, а мерката е насочена кон поддршка на семејствата и граѓаните на кои дополнителната помош им е најпотребна.
Сите заинтересирани сограѓани кои ги исполнуваат условите можат да поднесат барање со потребната документација во предвидениот рок.
Документите може да се достават во Архивата на Општина Македонска Каменица, соба бр. 1, или електронски на адресата:
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
Рокот за доставување на барањата е 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик.
Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека преку ваквите мерки продолжуваат со обезбедување поддршка за ранливите категории граѓани и создавање услови за подобар квалитет на живот за сите семејства во заедницата.
Целосниот Јавен повик и потребната документација се достапни на веб-страницата на Општина Македонска Каменица.