Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, присуствуваше на четвртото издание на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“, настан кој ги обединува науката, културата, уметноста и македонското творештво.
Фестивалот се одржа во атмосфера исполнета со почит кон македонскиот духовен и културен идентитет, при што беа доделени признанија на бројни научници, уметници и истакнати дејци кои со својата работа придонесуваат за афирмација на Македонија.
Посебен белег на вечерта остави настапот на фолклорната група Копачката, која со автентичниот фолклор од овој крај внесе силни емоции и воодушевување кај присутните.
Стаменкова упати честитки до директорот Миле Ѓорѓијоски, Здружението Надеж – Норе и сите организатори и учесници, нагласувајќи дека фестивалот од година во година прераснува во сè позначаен и препознатлив културен настан.