06.06.2026

Нов тротоар за поголема безбедност во Македонска Каменица

Share

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, информираше дека започнала изградбата на пешачка патека, односно тротоар, од излезот на градот до месноста Павлиш Дол.

Проектот ќе се реализира во должина од еден километар и ширина од 1,5 метри, со цел да се овозможат побезбедни и подобро уредени услови за движење на пешаците.

Како што посочи Стаменкова, со изградбата на патеката ќе се подобри безбедноста за рекреативците и граѓаните кои секојдневно го користат овој правец.

Од Општината нагласуваат дека продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти кои носат долгорочни придобивки и подобар квалитет на живот за жителите на Македонска Каменица.

Local News