06.10.2026

Македонска Каменица со 92,3% активна транспарентност – Општината меѓу најдобрите во државата

Share

Општина Македонска Каменица оствари високи 92,3% активна транспарентност според Индексот на активна транспарентност за 2026 година, со што се вброи во највисоката категорија – „Многу добра активна транспарентност“.

Резултатот претставува потврда за посветеноста на Општината кон навремено информирање на граѓаните, зголемена отвореност на институцијата и олеснет пристап до информациите од јавен карактер.

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, истакна дека транспарентноста е основа на одговорното работење и директна обврска кон граѓаните.

„Транспарентноста значи одговорност пред граѓаните, отчетно работење и достапност на информациите за работата на Општината. Резултатот од 92,3% е признание, но и дополнителна обврска да продолжиме со унапредување на отвореноста и достапноста на информациите“, порача Стаменкова.

Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон поголема информираност, отчетност и градење доверба со граѓаните.

Local News