06.08.2026

Македонска Каменица доби прв ракометен клуб во историјата, убавата вест ја сподели градоначалничката Стаменкова

Share

Македонска Каменица официјално го доби својот прв ракометен клуб – РК Сокол Саса, што претставува значаен момент за развојот на спортот во општината.

Градоначалничката на Македонска Каменица соопшти дека формирањето на новиот спортски колектив е повеќе од основање клуб, бидејќи отвора нови можности за младите, создава простор за дружење, развој и спортски успеси и претставува важен чекор во збогатувањето на спортскиот живот во градот.

Таа истакна дека општината отсекогаш била препознатлива по спортскиот дух, традицијата и ентузијазмот на граѓаните кои создаваат нови вредности, изразувајќи уверување дека РК Сокол Саса ќе прерасне во место каде ќе се развиваат нови генерации спортисти и ќе се негуваат спортските и човечките вредности.

Во честитката до основачите, таа ја поздрави нивната храброст, визија и вложен труд, а на новоформираниот клуб му посака многу успеси, исполнети трибини и бројни поводи за радост и гордост за Македонска Каменица.

Local News