06.08.2026

ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

Share

Американските безбедносни служби заплениле повеќе од 700 дронови кои неовластено летале во близина на стадионите и навивачките зони од почетокот на Светското првенство на 11 јуни, соопшти Федералното биро за истраги.

За време на одигрувањето на натпреварите важи целосна забрана за летачки активности, вклучително и користење дронови, во радиус од околу 5,6 километри околу стадионите и до височина од 914 метри, освен со претходно одобрение од контролата на летање.

Од ФБИ информираат дека дронови биле откриени и запленети во забранетиот воздушен простор во сите 11 американски градови домаќини на Мундијалот, а поради прекршување на правилата биле приведени и повеќе лица.

Федералната управа за воздухопловство воведе десетици привремени ограничувања за летови, со кои се забранува употреба на дронови во близина на стадионите и другите локации каде што се одржуваат натпреварите.

Во навивачките зони забраната важи во радиус од околу 1,9 километри и до височина од 305 метри.

Според ФБИ, лицата што без дозвола ќе управуваат со дронови во забранетиот воздушен простор може да се соочат со парична казна до 100.000 долари, кривична постапка и трајно одземање на леталото.

Со цел да се гарантира безбедноста на натпреварите и посетителите, ФБИ распоредил специјализирани тимови околу стадионите кои се задолжени за откривање и неутрализирање на неовластени дронови.

Local News