06.10.2026

Македонска Каменица ја претстави својата традиција, производи и култура на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“

Share

Македонска Каменица денес беше дел од манифестациите „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ во Куманово, каде пред пошироката јавност беа претставени локалните производи, традицијата и културното богатство на општината.

Со поддршка од Општина Македонска Каменица, локалните производители имаа можност да ги презентираат своите производи и вложениот труд, додека пензионерите од општината подготвија богата трпеза со традиционални каменички специјалитети и домашна храна од овој крај.

Посебен дел од претставувањето имаа и членовите на КУД „Вера Јоциќ“, кои преку македонската песна и оро ја доловија културната традиција и фолклорното богатство на Македонска Каменица.

Од Општината посочуваат дека ваквите настани се одлична можност за промоција на локалните производители, традиционалните вредности и природните и културни потенцијали на општината.

„Имаме што да покажеме, имаме што да понудиме и имаме со што да се гордееме“, порачаа од Општина Македонска Каменица.

Local News