06.10.2026

Граѓаните ќе го изберат приоритетниот проект за развој на Македонска Каменица

Share

Македонска Каменица влегува во завршната фаза од Проектниот форум, процес преку кој граѓаните директно учествуваат во изборот на проекти важни за идниот развој на општината.

На четвртата и завршна форумска сесија, која ќе се одржи утре, 1 октомври, граѓаните ќе имаат можност со своето гласање да одлучат кој од трите предложени проекти ќе добие поддршка од грант-фондот во вредност од 30.000 американски долари.

Во финалниот избор се најдоа три предлог-проекти:

– Музеј на рударство
– ЕКО пазар во Македонска Каменица
– Изградба на училишен кампус

На сесијата ќе бидат претставени начинот на гласање, правото на учество и критериумите според кои ќе се избираат проектите, по што ќе следува директно одлучување преку бодување.

Од Општина Македонска Каменица ги повикуваат граѓаните да бидат дел од овој процес и со својот глас да придонесат во дефинирањето на идните приоритети за развој на заедницата.

Четвртата форумска сесија ќе се одржи во 13:00 часот во Спортската сала на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“.

Проектниот форум се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

Local News