Општина Македонска Каменица објави Јавен повик за финансиска помош наменет за лица со попреченост и семејства на лица со попреченост кои живеат на територијата на општината.
Поддршката е предвидена преку средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година, со цел да се обезбедат дополнителни можности за подобрување на квалитетот на живот и поддршка на граѓаните на кои им е најпотребна.
Сите заинтересирани лица и семејства кои ги исполнуваат условите потребно е навремено да ја достават потребната документација.
Барањата можат да се поднесат во Архивата на Општина Македонска Каменица, во соба бр. 1, или електронски преку адресата:
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
Рокот за доставување на апликациите е 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик.
Од Општина Македонска Каменица информираат дека продолжуваат со реализација на мерки насочени кон поддршка, еднакви можности и создавање подобри услови за живот за сите сограѓани.
Целосниот Јавен повик, како и потребната документација, се достапни на официјалната веб-страница на Општина Македонска Каменица.