Општина Македонска Каменица продолжува со конкретни инвестиции во безбедноста на граѓаните. Градоначалничката Соња Стаменкова информираше дека е објавена постапка за набавка и испорака на ново специјално противпожарно возило, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица.
Станува збор за значајна инвестиција која ќе придонесе за модернизација на опремата на ТППЕ и зајакнување на капацитетите на пожарникарите при справување со пожари и други итни интервенции.
Со набавката на новото специјално противпожарно возило, единицата ќе добие подобри услови за работа, а интервенциите ќе бидат побрзи, поефикасни и побезбедни, што директно ќе придонесе за поголема заштита на граѓаните и нивниот имот.
Градоначалничката Соња Стаменкова истакна дека Општина Македонска Каменица останува посветена на континуирани вложувања во безбедноста, преку обезбедување современа опрема и подобрување на условите за работа на пожарникарите.
Со оваа набавка, општината уште еднаш ја потврдува определбата безбедноста на граѓаните да биде меѓу највисоките приоритети и продолжува да инвестира во капацитетите на службите кои секојдневно се грижат за заштита на животите и имотот.