06.10.2026

Соња Стаменкова со честитка по повод Денот на Општина Македонска Каменица и Денот на рударите

Share

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати честитка по повод 28 Август – Денот на Општина Македонска Каменица и Денот на рударите, како и по повод 30-годишниот јубилеј од формирањето на општината.

Во својата порака, Стаменкова истакна дека овој празник е симбол на трудот, посветеноста и храброста на генерациите рудари кои со својата работа го создале и продолжуваат да го градат идентитетот на Македонска Каменица.

„Со трудот твој белее денот во овој град“, се наведува во честитката, со која е испратена порака за почит кон сите рудари и граѓани кои низ годините придонеле за развојот на општината.

„Од мое лично име и од името на Општина Македонска Каменица, ви го честитам Денот на Општината и Денот на рударите, како и 30-годишниот јубилеј на нашата општина“, порача градоначалничката Стаменкова.

Таа упати честитки до сите жители на Македонска Каменица, со порака за заедништво, гордост и почит кон минатото, но и со желба за нови успеси и просперитет во иднина.

Честит празник, Македонска Каменице!

Local News