Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, информираше дека во изминатиот период биле реализирани повеќе активности за уредување и чистење на јавните површини во градот.
Во рамки на активностите биле поставени нови клупи, а спроведено е и хортикултурно уредување на повеќе локации во Македонска Каменица.
Како што посочи Стаменкова, целта е создавање поубав, почист и попријатен простор за граѓаните, при што грижата за јавните површини останува еден од приоритетите на Општината.
Од локалната самоуправа велат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за создавање поуредена и позелена Македонска Каменица.