Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати порака по повод матурската вечер на учениците од СОУ Миле Јаневски Џингар, која се одржа во градот.
Како што посочи, вечерта била исполнета со емоции, насмевки и гордост, а матурантите одбележале еден од најзначајните моменти во својот живот, испраќајќи едно важно поглавје полно со пријателства, спомени и заеднички успеси.
Таа нагласи дека со својата младост, енергија и достоинствено присуство, матурантите уште еднаш покажале дека иднината на Македонска Каменица е во сигурни раце.
Во пораката до учениците, Стаменкова им посака многу успех, мудрост и храброст во новите животни предизвици, со порака да веруваат во себе, да ги следат своите соништа и со гордост да го носат името на нивниот град.