06.06.2026

„Мајски Мозаик 2026“ носи два дена музика, култура и забава во Македонска Каменица

Share

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, ја најави манифестацијата „Мајски Мозаик 2026“, која на 23 и 24 мај ќе донесе богата музичка и културна програма на Градскиот плоштад и во Домот на културата.

Како што посочи Стаменкова, преку оваа манифестација повторно се враќа традицијата на мајските настани, кои со години биле препознатлив дел од животот во Македонска Каменица и место каде се собирале сите генерации.

Програмата започнува на 23 мај со настап на Златно Славејче, по што ќе следува претставата „Каменица шшш… нека остане меѓу нас“, во режија на Тара Димитровска Стаменковска, која ќе се изведе во Домот на културата. Во вечерниот дел ќе настапат Дамјан Стоименовски и диџејот Marko Logout.

На 24 мај програмата продолжува со саем на храна, повторна изведба на претставата, настап на КУД Вера Јоциќ, концерт на Филип Александровски, а вечерта ќе заврши со настап на Next Time.

Од Општината велат дека целта на „Мајски Мозаик 2026“ е повторно да се почувствува духот на мајските собири по кои Македонска Каменица била препознатлива – исполнет град, позитивна енергија и заедништво.

Local News