06.06.2026

Иванов: Здравствениот систем во Клиничка болница Штип е пред распад и е во целосен колапс, а пациентите се оставени на милост и немилост

Share

Претседателот на СДСМ Штип, Павел Иванов со реакција по како што велат, целосниот колапс на здравствениот систем во Клиничка болница Штип.

Интегрален пренос на прес-конференцијата:

Здравствениот систем во Клиничка болница Штип е пред распад и е во целосен колапс, а пациентите се оставени на милост и немилост.

Болницата чии услуги ги користат над 200.000 граѓани од целиот источен регион денес функционира без основни дијагностички апарати. Мамографскиот апарат е надвор од употреба, а сега нефункционален е и рентген апаратот.

Дополнително, во Центарот за јавно здравје Штип се прекинати или ограничени основните лабораториски анализи. Прашањето е , како во 21ви век граѓаните да останат без основни здравствени услуги?
Одговорноста за оваа катастрофална состојба има име и презиме.

Оправдување за ваков начин на менаџирање нема.

Граѓаните паметат и уште едно големо ветување -новата клиничка болница во Штип, а за која лично и градоначалникот Јорданов ветуваше дека ќе продолжи со изградбата. Денес, таму нема ниту камен поместено, ниту шајка заковано.

Local News