06.06.2026

Делегација од Македонска Каменица во студиска посета на Хрватска, Стаменкова со првични впечатоци од Копривница и Нов Загреб

Share

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во изминатите два дена престојуваше во Хрватска, каде заедно со делегација од општината ги посетила Крижевци, Копривница и Нов Загреб, со цел запознавање со успешни примери на локален и одржлив развој.

Во Крижевци биле презентирани модели за граѓанска енергија и енергетска транзиција, како и пристапот „one stop shop“ преку организацијата КРИК, која активно ги поддржува локалните иницијативи и граѓаните во процесот на транзиција.

За време на посетата на Копривница, делегацијата се запознала со примерите на соработка помеѓу Подравка и малите и средни претпријатија, како и со модел на самоодржливо јавно комунално претпријатие.

Посебно внимание привлекол и иновативниот пристап преку кој од коприва се изработуваат смути производи, колачи и чоколади, како пример за искористување на локалните ресурси и создавање додадена вредност.

Во Нов Загреб бил претставен проектот „Урбана градина“, кој претставува пример за урбано земјоделство и активно вклучување на граѓаните. Преку овој проект, жителите добиваат земјиште без надоместок за одгледување зеленчук за сопствени потреби.

Стаменкова посочи дека ваквите примери покажуваат дека одржливиот развој не е само стратегија, туку реален процес кој носи конкретни придобивки за локалните заедници и граѓаните.

Студиската посета била реализирана со поддршка на Friedrich Ebert Stiftung.

Local News