06.06.2026

Стаменкова, Стојановска и Пауновска Спасевска во посета на Велење во Словенија

Share

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, заедно со советничките Адријана Пауновска Спасевска и Валерија Стојановска, престојуваше во Велење, Словенија, каде одблизу се запознале со процесите на праведна транзиција и економска трансформација.

Во рамки на посетата, делегацијата остварила средба со тимот задолжен за развојните политики и прогресивните процеси во општината Велење, при што биле презентирани моделите преку кои градот се подготвува за постепена економска трансформација, додека рудникот за лигнит сè уште функционира.

Како што посочи Стаменкова, посебен впечаток оставил пристапот со кој паралелно се развиваат мали и средни претпријатија, езерски и бањски туризам, со цел зачувување на работните места и отворање нови можности за граѓаните.

Во текот на посетата бил посетен и рударскиот музеј, изграден во поранешен подземен коп, каде делегацијата се спуштила на длабочина од околу 160 метри.

Според Стаменкова, тоа било силно и автентично искуство кое ја доловува тежината на рударската работа, но и значењето на транзицијата која треба да обезбеди сигурна иднина за заедниците што со децении живееле од оваа индустрија.

Студиската посета била организирана со поддршка на Friedrich Ebert Stiftung.

Local News