06.06.2026

Вучиќ: Избори на 12 јули и наесен

Share

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите ќе се одржат или на 12 јули или од октомври до крајот на ноември.

„Најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби дури и за два и пол месеца. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси и причини. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“, рече Вучиќ.

Тој најави дека препораките на ОДИХР ќе бидат целосно усвоени од собранието како и одлуките на Венецијанската комисија кога станува збор за судството.

„Се што сте побарале, ќе добиете, а потоа народот ќе има можност да каже што мисли за се и каква иднина сака…Мислам дека народот ќе има прилично јасен избор“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија изјави дека наскоро ќе го посети Азербејџан, а потоа и Кина, и нагласи дека верува оти за време на таа најважна посета во неговата кариера ќе успее да реши многу работи на задоволство на граѓаните на Србија.

„Наскоро ќе го посетам Азербејџан. После тоа ќе ја имам најзначајната посета во мојот живот досега, односно во целата моја професионална кариера, на Кина“, рече Вучиќ.

Local News