06.06.2026

100 дена по трагедијата, Кочани е мртов град

Share

Сто дена се поминати, а никој ништо не смени. Животот застана онаа ноќ кога изгоре Пулс и со него згаснаа шеесет и два живота.

Градот е во жалост, но и во гнев. Никој не одговара, а сите знаеме дека трагедијата можеше да се спречи. Улиците се празни, младите молчат, а надежта се топи.

Секој ден гледам како мајки со фотографии во рацете бараат одговори. Татковци што молчат затоа што немаат зборови. Пријатели што носат цвеќе и чекаат правда која не доаѓа.

Сто дена подоцна, Кочани не жали само за мртвите — туку жали и за правдата што никогаш не дојде. И тоа е најтешкото: да живееш во град што е жив, а да чувствуваш дека е мртов.

Автор кој сака да остане анонимен, но и е познат на редакцијата на Исток3.

Local News